Српската влада преку министерот за одбрана Александар Вулин, кој упати недолични зборови кон македонскиот претседател Стево Пендаровски, е само уште една од низата провокации, вели Горан Илијевски, лидерот на Партијата на Македонците во Србија во изјава за „Утрински брифинг“.
Како што вели Илијевски, тој наоѓа огромна сличност на владеењето меѓу актуелниот српски претседател, Александар Вучиќ и поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски.
-Методите на репресии, демагогии, манипулации, клиентелизам, беа методи на режимот на ВМРО ДПМНЕ, Груевски и на Орбан, тврди лидерот на партијата на Македонците во Србија.
Илијевски додаде дека нема да се одржат избори во Србија, бидејќи опозицијата подготвува бојкот, а меѓу нив и неговата партија.