Илјадa победи за Рафаел Надал

од Vladimir Zorba
502 прегледи

Рафаел Надал постигна одличен резултат со победата над Фелисијано Лопез на Мастерсот во Париз – тој стана четвртиот тенисер во историјата со најмалку 1.000 победи.

По голема борба, Надал го победи својот искусен сонародник Фелисијано Лопез, со 4: 6, 7: 6 (5), 6: 4.

Пред него само Џими Конорс (1.274), Роџер Федерер (1.242) и Иван Лендл (1.068) успеаја да ја минат таа магична граница од 1.000 победи во кариерата.

Шпанецот во осминафиналето ќе игра против Австралиецот Џордан Томпсон, кој го победи Борна Чориќ од Хрватска со 2: 6, 6: 4, 6: 2.

Кога ќе ја погледнете структурата на 1.000 победи на Надал, интересно е што повеќето од нив се на тврда подлога, 482, потоа на земја (445). Тој славеше 71 пати на трева, и двапати на тепих.

Првата победа во кариерата Рафа ја постигна на 15-годишна возраст, во 2001 година на турнир во Мајорка, кода го победи Рамон Делгадо со 6: 4, 6: 4.

Интересно, Надал никогаш не го освоил Мастерсот во Париз. Ако тој успее, тоа ќе биде неговиот 36-ти турнир во Серијата 1.000, со што ќе го изедначи рекордот на Новак Ѓоковиќ.

Слични содржини