159
Илјадници верници го посетија македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир за Христовото воскресение Велигден.
Присуството на неколку илјадници верници, во саботата и со повеќе стотици во другите денови, од сите делови на државава, но и на верници од православниот свет од повеќе европски држави, само потврдува дека Бигорски останува духовен центар за поширокиот балкански регион.
Меѓу илјадинците верници беа и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и министерката за одбрана Славјанка Петровска.