
Илјадници антирасистички демонстранти, како и екстремно десничарски активисти, се собраа во Лондон и покрај повиците на владата и безбедносните сили да не го сторат тоа заради пандемијата од коронавирус.
Десетици екстремно десничарски демонстранти се судрија со полицијата пред зградата на парламентот и бариерите поставени во близина на Вајтхол. Се фрлаше пиротехника и шишиња, соопштија очевидци за Ројтерс.
„Сосема неприфатливо насилство“, рече министерот за внатрешни работи Прити Пател, коментирајќи ги судирите на Вајтхол.
„Секој што е насилен или вандализира, мора да очекува да се соочи со целосната сила на законот“, напиша Пател.
„Одете дома и запрето го ширењето на коронавирусот и спасете животи“, ги таа повика демонстрантите.
Илјадници антирасистички демонстранти пристигнаа на демонстрациите низ Велика Британија во петокот, игнорирајќи ги повиците на премиерот Борис Џонсон, кој тврди дека протестите за „Black Lives Matter“ (BLM) биле „киднапирани од екстремисти кои планирале насилство“.
„Тие нема да не замолчат“, стои во објавата на страницата на Фејсбук на лондонскиот BLM.
Лондонската полиција издвои одделни зони во центарот на градот за антирасистички протести и за контра-протести од страна на екстремно десничарските групи, наложувајќи им на сите да бидат подготвени до 5 часот по полноќ.
„На сите што планираат да се приклучат на #BlackLivesMatter протестите овој викенд: за ваша безбедност, ве молам, останете дома и пронајдете безбеден начин да го слушнат вашиот глас“, напиша градоначалникот на Лондон, Садик Кан на својот профил на Твитер во саботата, порачувајќи им на екстремно десните групи дека „Лондончани немаат време за нивната омраза“.
Британската полиција ги предупреди демонстрантите дека излегувањето на улиците ќе ги наруши британските мерки за социјално растојание, со кои е утврдено дека може да бидат присутни максимум шест лица.
На протестите против расизмот во Велика Британија во текот на изминатите три недели им се придружија стотици илјади мирни демонстранти, но британските медиуми и политичари нагласуваат напади врз полицајци.
Јавноста спори и за уништувањето на статуи на историски личности поврзани со трговијата со робови и империјализмот.