Уругвајскиот фудбалер, Луис Суарез е претставен во својот нов клуб Национал, кој се натпреварува во првата уругвајска лига.
Токму во тој клуб Суарез ја започна својата фудбалска кариера, пред да реши да се испроба во Европа и да игра за некои од најголемите клубови во светот, како Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.
Суарез пред илјадници навивачи на стадионот на Национал изјави дека се надева дека наскоро ќе може да го прослави освојувањето на нови трофеи со навивачите.
Самиот фудбалер го чекаше изненадување, откако поранешниот соиграч Лионел Меси му се обрати на фудбалерот со порака.
🗣 🎥 Messi to Suarez: “……. We Newell's fans don't have good memories with Nacional, but you know that I love you very much and I'll do anything for you..” 😅❤️
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) August 1, 2022
Суарез е најдобар стрелец во уругвајската лига во историјата со 68 гола на 132 одиграни натпревари.