Илјадници на улиците во Минск бараат заминување на последниот европски диктатор (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Вечерва се одржуваат протести на улиците во Минск, по десетти пат по ред, откако претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, прогласи изборна победа.

Од сите делови на Минск, граѓаните пристигнуваат во центарот на градот, каде што со светлата на нивните мобилни телефони се обидуваат да ја избркаат темнината што се спушта и, како што велат, да осветлат подобра иднина.

Со извици „Саша, оди си“, бескрајната маса демонстранти го преплави срцето на Минск, но и платото пред затворот каде се наоѓаат политичките противници на Лукашенко, кого ги уапси пред изборите.

Александар Лукашенко, кого западните медиуми го нарекуваат „последен европски диктатор“, со денови се обидува да ги смири протестите што се шират како шумски пожар низ Белорусија. Илјадници луѓе беа уапсени, а Советот на Европската унија инсистираше тие да бидат ослободени. ЕУ објави дека резултатите од претседателските избори во Белорусија не би можеле да бидат прифатени.

„Изборите не беа ниту слободни ниту фер“, е пораката што пристигна од ЕУ на обраќањето на Лукашенко само неколку дена по 9 август.

Во заедничката изјава, водечките политички партии на Европскиот парламент го прогласија претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко за непожелен, персона нон-грата и повикаа на нови, „слободни“ избори во таа земја.

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин и порача на германската канцеларка Ангела Меркел денес дека сите обиди за мешање во внатрешните работи на Белорусија се неприфатливи, објави Кремљ.

Слични содржини