Илјадници луѓе се собраа во центарот на Москва, како почитувачи на меморијата на рускиот опозициски лидер Борис Немцов, кој беше убиен во близина на Кремљ во 2015 година.

55-годишниот политичар беше застрелан во грб додека се враќаше со девојка во ноќта на 27 февруари. Немцов – реформатор, демократ и вицепремиер кај поранешниот претседател Борис Елцин, беше најпознат како критичар на Владимир Путин. Особено несогласување тој изразуваше во однос на конфликтот со Украина. За нападот врз него во октомври пред судот беа соочени петмина Чеченци.
Тие ги негираат обвинувањата, а блиските и поддржувачите на политика стравуваат дека виновник за неговата смрт никогаш нема да биде казнет.
Пред да биде убиен, тој учествувал во разговор во програмата на радио станицата Ехо-Москва, каде повикал на протести против војната во Украина и ги подржувал санкциите што Запад и ги наметна на Русија.
Во руската јавност беше најавувано дека Немцов има подготвено досие за руската вмешаност во украинската војна и дека тоа е причина и за тогашната економска криза во Русија.
Неговите приврзаници веруваат дека тој е убиен за да се замолчат неговите остри критики кон внатрешната и надворешната политика на претседателот Владимир Путин.
Борис Немцов беше деклариран демократ и опозиционер. Во руската јавност тој сепак никогаш немал голема поддршка затоа што се обвинува за „погрешната транзиција и рекапитализација“ на руската економија, која предизвика длабока економска криза и осиромашување на луѓето, во годините од преминот на строго контролираната и планска економија, во економија на слободниот пазар.
Во Москва илјадниците демонстранти минуваат по Големиот Москворецки мост, каде Немцов беше застрелан, оставајќи цвеќиња на патот, пренесе ВВС. Поворки се организирани и во Санкт Петербург и други градови. Граѓаните носат транспаренти со натписи како “Војната со Украина е злосторство на Путин”, “Русија без Путин” и “Јас сум против анексијата на Крим”