Илјадници жени се собраа денес во Истанбул во знак на протест против повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција. По одлуката на претседателот Реџеп Таип Ердоган да се повлече од конвенцијата, лидерот на платформата „Ќе го запреме фемицидот“ повика на протести на Твитер. Истанбулската конвенција беше усвоена во 2011 година и беше дизајнирана од Советот на Европа за да создаде законска рамка за борба против насилството врз жените и семејното насилство.
Илјадници жени се собраа во Истанбул извикувајќи пароли „Спроведете ја Конвенцијата, оставете ги жените да живеат“
Се повеќе жени излегуваат на улица и ги покануваат другите да им се придружат.
Турската полиција на секој начин се обидуваше да го спречи протестот, а според агенциите, неколку лица се приведени.
Турција се повлече од Истанбулската конвенција за правата на жените, која има за цел да ги заштити жените од насилство, а таа одлука на претседателот Реџеп Таип Ердоган беше објавена во официјалниот весник рано во саботата.
Донесена во 2011 година, Истанбулската конвенција е повелба изготвена од Советот на Европа, која се обидува да создаде законска рамка за борба против насилството врз жените и семејното насилство.