Актуелениот пратеник во Собранието, Бејџан Илјас повторно е избран за претседател на Демократската партија на Турците на Македонија (ДПТМ) на 10-от редовен партиски Конгрес, што се одржа денеска во Скопје.
На Конгресот присуствуваа 290 од вкупно 330-те делегати од 43 ограноци на ДПТМ.
Делегатите на Конгресот избраа и 49 члена на Централното собрание, како и пет члена на Надзорниот одбор на ДПТМ.