Иљази: Беќаровски е „Фејсбук“ доктор од времето на „Друже Тито“

од Илинка Илиоска
370 прегледи

Откако денес економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, издаде наредба која им забранува на вработените да имаат контакт со новинарите. Сепак, таа се сретна со еден новинар и изрази незадоволство од одредени лекари, вклучувајќи го и проф.д-р Нико Беќаровски, кој според неа,  „дреме“  на социјалните мрежи и пласира невистини во медиумите

Иљази ги обвини овие лекари за ширење на лажни информации и скандали, и ги нарече “доктори на Фејсбук”.

„Од страна на некои лекари кои не се повеќе од пет или шест, се испорачуваат невистини во медиумите. Во јавноста се добро познати по скандали и дезинформации и се нарекуваат доктори на Фејсбук зашто цел ден го поминуваат своето работно време на социјалните мрежи и не прават ништо. Времето на Нико Беќаровски, докторот од времето на друже Тито помина и тој не може да се помири со оваа реалност. Затоа постојано создава забуна во јавноста. Новите наредби и поредок што ги воспоставив го попречуваат него и неговиот клан кои се навикнати да работат според нивните навики“, Иљази му кажала на новинарот.

Таа исто така рекла дека поранешниот директор, доктор Данил Петровски, вработил своја снаа во институцијата еден ден таа да ја заземе позицијата.

Денешната наредба на Иљази наиде на осуда од јавноста, а Здружението на новинари најави дека поради воведување цензура ќе побара одговорност од неа пред Министерството за здравство.

Бесија Иљази не беше разрешена од министерот за здравство иако лекарите протестираа против неа, како поради односот, така и поради тврдењата за нејзина нестручност и непознавање на македонскиот јазик поради што ги користи своите секретарки како преведувачки.

Слични содржини