Илон Маск откри дека има таен профил на Инстаграм и за што го користи

од Nikola Popovski

Илон Маск, најбогатиот човек на светот, призна дека има таен профил на Инстаграм кој го користи за приватни цели. Рече дека прави селфи со кои сака да го привлече вниманието на другите, но истовремено сака и „сексуално“ да ги заинтересира.

За време на подкаст каде шефот на Тесла зборуваше за вонземјаните, неговиот договор за преземање на Твитер и многу повеќе, тој исто така откри дека има профил на Инстаграм.

Како што разговорот се сврте кон социјалните мрежи и нивното влијание, Маск рече дека има таен профил на Инстаграм кој го користи за кликнување на линкови и слично, но додаде дека на крајот не му се допаднало искуството.

„Инстаграм е ново ниво на „стапица за жед“, рече Маск, мислејќи на англискиот термин „thirst trap“, што значи објавување флертувачки фотографии и пораки на социјалните мрежи со намера да привлече внимание или сексуално да ги заинтересира луѓето што го гледаат тоа.

„Се најдов себеси како правам многу селфи“, додаде тој, велејќи дека потоа се запрашал зошто го прави тоа.

Краток клип од подкастот се појави на Твитер, а придружниот твит тврди дека Маск немал нула следбеници на неговиот таен профил на Инстаграм. Милијардерот дури одговори на споменатиот твит велејќи дека има 54 следбеници.

За време на подкастот, Маск рече дека го користи Твитер само за да комуницира со луѓе и дека е полесно да се има само еден концентриран канал на комуникација за да се направат работите попродуктивни. На Твитер, Маск има над 102 милиони следбеници.

Слични содржини