Им фрли вода за среќа: Тргна автобусот на фудбалската репрезентација

од Берта Китинска
359 прегледи

Тргна автобусот на фудбалската репрезентација за Романија.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како зад  автобусот за среќа човек им фрла кофа со вода .

Македонската фудбалска репрезентација првиот натпревар го игра на 13-ти јуни против Австрија во Букурешт. Во групната фаза следуваат уште и натпреварите со Украина и Холандија.

Според информациите, сите фудбалери се негативни на Ковид-19 и селекторот Игор Ангеловски ќе може да сета на сите за историскиот настап на нашата земја.

Слични содржини