Им прекипува, Америка ќе се откаже од прекинот на војна во Украина, и ќе се повлечат како медијатори ако нема напредок во преговорите за мир

од desk4
104 прегледи

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес предупреди дека САД ќе го прекинат своето медијаторство во мирниот процес ако Русија и Украина не достават „конкретни предлози“ за прекин на војната. Ова го изјави портпаролката на Стејт департментот, Теми Брус.

„Стигнавме до моментот кога двете страни треба да достават конкретни предлози за прекин на овој конфликт“, изјави Брус, додавајќи дека ако нема напредок во преговорите, САД ќе се повлечат како медијатори. „На крајот, претседателот Доналд Трамп ќе одлучи дали ќе продолжи со дипломатските напори“, додаде таа.

Рускиот претседател Владимир Путин предложи тридневен прекин на огнот од 8 до 10 мај за да се одбележи крајот на Втората светска војна во Москва. Сепак, Украина, поддржана од САД, го отфрли предлогот, барајќи 30-дневно примирје. „САД не сакаат тридневно примирје за прослави, туку целосно и трајно примирје и крај на конфликтот“, истакна Брус.