ден од најдобрите и најомилени актери на поранешна Југославија е Драгомир Бојаниќ Гидра. Легендата на југословенското и српско актерство, почина во 1993 година, а неговата ќерка Јелена за „Неделник“, раскажа како изгледале неговите последни денови.
„Во едно враќање во Србија во 1993 година отидов директно кај него во болница. Слетав во Будимпешта. Грозно време. Од Будимпешта директно отидов на ВMA. Онкологија, четврти кат. Во четири наутро се беше мрачно, а на крајот на ходникот на четвртиот кат светло. Ние се приближуваме. Цел ВMA беше полн со војска под оружје. Не изгледаше како болница, туку како објект под опсада.
Имав впечаток дека се вратив во некоја друга држава. Мојата генерација не беше свесна. Се качив и видов низ метеж низ темницата. А тие со хеликоптер ги носат ранетите, се деца од 18,19 години, ги оперираат, многу без нозе“, вели Јелена Бојаниќ и продолжи:
„Медицинските сестри ги носеа младите ранети во колички до болничката соба на тато и Гидра ми раскажува вицеви во четири наутро. Знаевме дека тука му е крајот, сестрите му шверцуваа цигари. А во неговата соба дежурните лекари и ранетите се смееја на неговите фазони. Тие седат од 11 до четири наутро кај него, а тој има цел монолог, па за секој од нив по еден штос. Така месец дена умираше и секоја вечер во тие месец дена ги забавуваше ранетите“, заклучува таа.
С.В.