Им се губи секаква трага: Десет ракометари од Бурунди исчезнале во Хрватска

од Nikola Popovski

Полицијата во Риека е на нозе поради исчезнувањето на десет 17-годишни државјани на Бурунди. Како што соопштиле од тамошната полициска управа, во текот на вчерашниот ден исчезнале десет странци чие моментално живеалиште било регистрирано во градот, а се учесници на Светското кадетско ракометно првенство што се одржува од 2 до 13 август во повеќе градови во Хрватска.

Хрватските власти истакнуваат дека младите ракометари се упатиле во непознат правец.

– Според досегашните информации, станува збор за десет млади момчиња родени 2006 година, кои вчера околу 15 часот и 30 минути се оддалечиле во непознат правец од просторот на студентскиот центар Риека, каде што биле сместени за време на првенството, велат од риечката полиција.

Оттаму додаваат и дека не одговараат на телефонските повици и дека се преземаат мерки и активности за нивно пронаоѓање, како и утврдување на сите релевантни факти и околности за нивното исчезнување.

Слични содржини