Им се случува и на најдобрите: Мерил Стрип се збунила на снимање

од Stefanija Kuzmanovska
424 прегледи

Една од најуспешните актерки во Холивуд, Мерил Стрип (71) во едно интервју откри интересни детали од снимањето на филмот Don’t Look Up, во кој играат многу филмски sвезди.

„Филмот зборува за глобална катастрофа. Јас ја играм улогата на претседателка на САД“, објасни актерката.

Актерката откри и дека нејзиниот колега Џона Хил во филмот ја игра улогата на нејзин син, кој е и шеф на кабинетот.

„Првата сцена ја снимивме во петокот и јас бев многу лоша“, се пожали Мерил Стрип.

„Бев во карантин, мора да бидеме многу внимателни додека снимаме. Бев потполно сама. Во првата сцена, влегувам во преполн стадион со 20.000 луѓе како претседателка, моето лице се појавува на огромен екран. Бев целосно изгубена, не можев да се сетам на ништо“, рече актерката.

Мерил потоа објасни што всушност ѝ предизвикало непријатност.

„Како прво, очигледно е дека таму воопшто немаше 20.000 луѓе. Ќе бидат дуплирани за време на монтажата. Имаше статисти на целиот стадион. Осамени луѓе кои беа оддалечени 6 метри, носеа маски и визири. Статистите скандираа во знак на добредојде, но бидејќи имаа маски, звучеа пригушено“, рече Мерил Стрип и додаде:

„Сè беше толку морничаво, необично и збунувачко. Морам да се средам до понеделник“, заклучи актерката.

Слични содржини