Им се заканувал на полицајци со пиштол

од Nikola Popovski

Скопската полиција привела 54-годишен скопјанец поради агресивно однесување кон полициски службеници. Тој извадил и им се заканувал со пиштол.

-Вчера во 06.35 часот на улица „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(54) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и им се заканувал со пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Слични содржини