269
Забава во руското село Томтор заврши трагично откако починаа седум лица, а две завршија во кома.
Имено, група од девет лица останала без алкохол, па решиле да пијат средства за дезинфекција на рацете, пишува 24 часа.
Забавата се одржа во четвртокот, а веста за нејзините последици го обиколи и шокираше светот. Жена (41) и двајца мажи на возраст од 27 и 59 години починале веднаш, а другите шест биле пренесени во главниот град на регионот Јакутск каде биле хоспитализирани.
Уште тројца мажи на возраст од 28, 32 и 69 години починаа во петокот, а уште едно лице почина денес.
Полицијата веднаш започна истрага, а засега е познато дека испиле средство за дезинфекција во кое имало 69 проценти метанол.