Им зела пари за да ги вработи во пошта, а ни таа не работела таму

од desk2
113 прегледи

Скопјанка зела повеќе од 1.500 евра за наводно, да им посредува за вработување во „Македонска пошта“, во нова филијала што ќе се отворела во Штип, но тие останале и без пари и без работа.

СВР Штип поднесе кривична пријава против О.С.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „измама“.

О.С. во периодот од декември 2016 година до август 2017 година со намера да се стекне со противправна имотна корист довела во заблуда пет лица од Штип.

Таа лажно прикажувала факти дека е вработена во Дирекцијата на „Македонски пошти“ и дека ќе им посредува за вработување при отворање на нова поштенска филијала на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

На петте лица им ветила дека ќе ги вработи како шалтерски работници и притоа ги навела да и дадат пари за вадење на потребните сертификати. На овој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист од 92.900 денари.