Има 28 години и сè уште е невина: Одлучила да направи голем чекор, но хејтерите не престануваат да ја напаѓаат

од Stefanija Kuzmanovska

Ејми Харт решила да ги замрзне своите јајце-клетки, бидејќи, како што вели, никогаш немала момче во своите 28 години живот. Бидејќи можела да влезе во предвремена менопауза поради генетска предиспозиција, младата британска водителка која порано работела како стјуардеса, решила да не се откажува од своето потомство.

– Отсекогаш сакав да имам деца. Затоа сакав да ги замрзнам јајце-клетките сега, додека тие се уште се млади и здрави – наведува таа.

Првите два обиди на Ема за замрзнување не вродија со плод, па во договор со нејзината мајка, таа издвои дополнителни 2.000 долари и реши повторно да ја помине оваа постапка. На тој чекор се решила кога ја оставил млад човек со кого имала платонска врска. Таа тешко се справувала со сознанието дека на Крис, во кого била вљубена, всушност му била само „бекап план“.

Сепак, нејзината одлука да ги замрзне јајце-клетките не наиде на само позитивни реакции.

– Луѓето коментираат толку лесно. Тие прашуваат зошто го правам тоа кога сум толку млада. Бидејќи имам прекрасни млади јајце-клетки, затоа! Јас едноставно ги игнорирам троловите – Ејми опиша со што се соочува.

Харт започна со третман на 22 февруари годинава, а на почетокот на овој месец доби вест дека замрзнувањето е успешно.

Се намачив, но не жалам за тоа

– Мислев дека ова ќе биде навистина лесно, но не беше. Мора да се поминат многу работи. Четири недели пред третманот, не ми беше дозволено да консумирам газирани пијалоци или алкохол, вежбав и бев активна – објасни Ејми.

Паралелно, за две недели, таа добила инјекции на хормони кои ги стимулираат јајниците да произведат повеќе јајце-клетки во еден циклус.

– Потоа следеа несакани ефекти. Имав главоболки и гадење, но сето тоа вредеше, бидејќи тие успеаја да соберат девет јајце-клетки, а пет беа доволно големи за да замрзнат веднаш – изјавила девојката.

Сега, вели таа, е возбудена за иднината што е обезбедена кога станува збор за потомството.

– Не знам што понатаму; ако повторно се обидам да одам на истата постапка и да го удвојам бројот на замрзнати јајце-клетки, ќе беше многу алчно, нели – праша Ејми и најави дека следната година ќе се обиде да стане мајка.

– Во септември или октомври 2022 година, можеби ќе започнам да размислувам за раѓање деца. Дотогаш сум среќна и безгрижна. Што и да се случи, мило ми е што го поминав сето ова, додава таа.

Слични содржини