Има договор: Манчестер Јунајтед го ангажира Патрик Доргу

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Дефанзивецот на Лече, Патрик Доргу, изгледа ќе биде првото ново засилување за менаџерот Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед. Двата клуба веќе ги договориле сите детали од зделката, која се очекува да биде официјално финализирана во секој момент, пренесува експертот за трансфери Фабрицио Романо, како и повеќето медиуми во Италија.

Не е јасно колкава сума ќе платат „црвените ѓаволи“ за младиот Данец. Според „Газета дело спорт“ ќе вреди 38 милиони, од кои 32-33 милиони ќе бидат гарантирани, а останатото ќе биде во форма на бонуси. Романо верува дека цената ќе биде 35 милиони евра плус бонуси.

Според информациите, Доргу моментално ги пакува куферите за да отпатува за Манчестер, каде ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи и ќе го потпише договорот со англискиот гигант. Ќе биде на 5 години, а платата ќе му биде околу 1 милион евра по сезона.

Ова ќе биде најскапата продажба во историјата на Лече, со цена речиси двојно поголема од претходниот рекорд кој го држеше Мортен Хулманд, за кого Спортинг (Лисабон) плати 19,5 милиони евра во 2023 година

Во меѓувреме, италијанскиот клуб веќе се пофали со двајца дефанзивци – Данило Веига и Тиаго Габриел, што дополнително ја олесни разделбата со Доргу.

Слични содржини