Има ли назад или се наѕира војна меѓу САД и ЕУ

од desk2
88 прегледи

Германската министерка за економија и енергетија Бригит Циприес предупреди на ризик од избивање на трговска војна меѓу ЕУ и САД поради новите санкции кон Русија.


„Постои и можност воведување на контрасанкции затоа што тоа го предвидува Светската трговска организација“, вели Циприес за германскиот ТВ канал АРД, а пренесува Russia Today.

Новите американски санкции против Русија, може да нанесат штета на гермаснките компнаии и да ги загрозат односите меѓу Берлин и Вашингтон.

Асоцијацијата на германски индустриски и трговски комори (DIHK) соопшти дека санкциите може да имаат негативно влијание на енергетската безбедност на Европа и да можат да им наштетат на германската економија.

Од таа причина претседателот на DIHK Волкер Трејер апелираше Европската комисија да побара од Вашингтон да побара појаснување и да спречи нови американски санкции да ги погодат компаниите во други земји.