Полицијата во Француските Алпи повторно истражува случаи на исчезнати луѓе откако обвини маж во средата за второ киднапирање и убиство во регионот.

Нордал Леландо, поранешен тренер на кучиња, обвинет е дека го убил Артур Нојер, 24-годише војник кој последно е виден на 12 април како планинари во градот Шамбери откако си заминал од ноќен клуб.
Леландо претходно беше обвинет за киднапирање и убиство во август на осумгодишно девојче по име Малис де Аруахо, кое исчезнало до свадба во место на половина час оддалечено од Шамбери.
„Заедно со полицијата ќе ги прегледаме сите случаи на исчезнати лица во овој регион“, вели обвинителот Тиери Дран.
Според истрагата телефонот на Леландо и во случајот на Малис и во случајот на Нојер, бил на исто место со жртвите.
Некогвото црно ауди исто така е идентификувано на тие места во тоа време преку проверка на камери за надзор, а со прегледување на неговиот телефон се дознало дека на интернет пребарувал начини на распаѓање на човечко тело.
Черепот на Нојер беше најден неодамна од планинар во регионот, јави Le Parisien во средата.
Леландо одбил да одговори на прашањата за Нојер и за Малис, за нивното исчезнување, но ги отфрла обвинувањата против него.
Тој е во притвор од 3 септември под обвинение за киднапирање на девојчето на свадба во август.
Тој призна дека таа влегла во неговиот автомобил откако беше пронајдена нејзина ДНК во автомобилот, но тој тврди дека била само да ги види неговите кучиња и дека потоа си заминала.

Прашан зошто автомобилот е детално исчистен потоа, вели дека планирал да го продаде.
Според обвинителството имаат снимки кои покажуваат мала фигура на човек во бело фустанче, на совозачкото седиште во аудито, со кое тој заминал од свадбата на 27 август.
Но, таква фигура немало кога се вратил на забавата.
Малис, чиј 9 роденден беше на 5 ноември, носела бело фустанче на свадбата кога се појавила со нејзините родители,во селото Понт-де-Бувоасин.
ALERTE INFO. Nordahl Lelandais "mis en examen pour le meurtre" de Maëlys https://t.co/1mtCK6uM9X pic.twitter.com/7cvPCFZHdU
— BFMTV (@BFMTV) November 30, 2017