Оригиналниот текст на анализата е објавен на интернет страницата на Forbes.
______
Флертот на грчката влада со Русија е очигледен. Реалните перспективи од тоа “пријателство” сепак не се особено сериозни. Во поголемиот дел бучавата околу активностите на грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе остане само шум.
Вреди сепак да се побараат причините за тоа и како новата “суптилна надворешна политика” на Грција ќе влијае на нејзините односите со нејзините партнери од ЕУ и на односите меѓу Русија и ЕУ како целина.
Русија не може да си дозволи да ја поддржи Грција
Популарното равенка е следново: Грција размислува да се сврти кон Русија за финансиска поддршка, ако не успее да постигне договор со претставниците од Европската унија (ЕУ), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка (ЕЦБ). Во реалноста, сепак оваа опција не е особено реална.
Проста причина е што поради економските санкции и ниските цени на нафтата, Русија треба прво да се справи со своите сопствени економски проблеми и не би можела да си дозволи да спасува земја од рангот на Грција и тоа во степенот до кој Грција има потреба од средства.
Додека Грција претставува само 2% од економијата на еврозоната, таа е 12% од руската економија. Веројатно Атина ќе има потреба од 30 до 50 милијарди евра во следните неколку години. Ако се земе предвид дека тројката има уште 246 милијарди грчки долг, голем дел од евентуално финансирање на Грција ќе “испари” инстантно кон овие институции.
Би било повеќе од чуден расплет на околностите, ако Русија одлучи на овој начин преку Грција да ги канализира средствата кон Европската унија, додека Брисел се уште не го поништил режимот на санкциите против Москва.
Во исто време, додека Русија официјално вели дека има значителни резерви, овие бројки вклучуваат средства кои веќе се пренасочени кон два државни инвестициски фондови. Во таква ситуација реално употребливите резерви се покажаа со доста пониска сума од објавената. Покрај тоа, додека Москва може да ги користи овие средства, за да ги задоволува своите внатрешни потреби, заштитата на валутата и контрасанкциите тешко би дозволиле руските средства да се користат надвор од границите и уште повеќе – во европска земја.
Важно е да се погледнат и другите случаи, кога Русија правела слични инвестиции. Навистина, Москва се согласи да даде заем на Кипар (земја со која Русија има многу блиски политички и финансиски врски) во вредност 2,5 милијарди евра во 2011 година Подоцна, сепак Русија одби да даде повеќе помош кога Никозија падна во многу посериозна криза во 2013 година
Во пресрет на украинската криза, иако западниот нејзини сосед е важен стратешки партнер за Русија, Москва обезбеди ограничени средства и поддршка за Киев, неспоредливи со износите потребни на Атина, за да може Грција да излезе од ќор-сокакот.
На крајот на краиштата, најверојатно рускиот буџетски суфицит брзо ќе се стопи поради ниската цена на нафтата. Во исто време истекот на капитал од земјата ќе продолжи и дури и ќе стане уште поинтензивен. Економијата на Русија нема да почне да се опоравува барем во следните месеци или години поради несигурноста околу сите овие фактори.
Што може Грција да и предложи на Русија?
Како држава членка на ЕУ, Грција всушност има минимални можности за маневри при преговорите со Русија. Трговската политика и трговските преговори се целосно спроведени на европско ниво, што значи дека надежите за било какво посериозно продлабочување на трговските врски се неосновани.
Преговорите меѓу двете земји се уште посериозно спречени поради режимот на санкциите. Грција не може да направи ништо за да ги поништи, додека промените во режимот бараат едногласност на европско ниво. Единственото нешто на што е способна Атина, е да го спречи продлабочувањето или проширување на санкциите со наметнување вето, или да одбие да ги обнови во иднина.
Друга опција која во минатото беше споменувана како “флерт” меѓу Русија и Кипар, беше обезбедување на Русија на воена база или потпишување на договор за воена соработка.
Друга можна сфера на соработка е енергетскиот сектор како во однос на гасните договори, така и во однос на потенцијалните наоѓалишта во грчките води. Ниту една од овие опции не би можела да предложат краткорочни финансиски добивки и во исто време секоја една од нив може да биде блокирана од ЕУ како неспојлива со условите на идната заедничка енергетска унија.
Додека Грција може да ги држи во резерва сите овие опции, ќе биде големо изненадување ако во реалноста Атина одлучи да искористи од било кој од нив (особено од можноста за зајакнување на воената соработка).
Во позадината на интензивните преговори меѓу Грција и партнерите од еврозоната, кои не наведуваат импресивен напредок главно поради недостаток на доверба, не би било препорачливо Атина да прибегнува кон договор со руската влада, кон кое повеќето европски земји се соочуваат со силна недоверба.
