Мораме да работиме на Закон за плати и да имаме системско решение на креирање на платите. Вака се прави дисторзија на системот, изјави министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, одговорајќи на новинарско прашање во врска со протестите на администрацијата во судовите и обвинителствата.
Според него, ист профил имаат различни плати.
-Ние имаме министерство кое има 30% повисоки плати од другите. Таа веќе дисторзија на плати е креирана и јас инсистирам да одиме на законско решение за плати, каде што ќе ги имаме рамките за плата и ќе се знае за сите институции. Вака ако одиме кон решавање случај по случај, и ќе трошиме многу енергија и време, а од друга страна нема да бидеме сихронизирани како држава. Ние, како МИОА, веќе имаме драфт верзија и таа е веќе пратена до колегите во Работната група. Оваа и наредната недела ќе ги анализираме сите можни решенија за плати, но ценам, ако лично ме прашувате, дека треба да имаме решение на ниво на држава за да бидеме сите задоволни и од тоа колкава ни е платата, како и од тоа дека таа плата не е различна меѓу исти работни позиции во различни инситуции, истакна министерот.