„Има надеж“: Директорот на СЗО оптимист во врска со вакцината за корона

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека вакцината против вирусот Ковид-19 може да биде готова до крајот на годината.

Тој рече дека на состанокот на извршниот одбор на СЗО и повика на солидарност и политичка посветеност на сите лидери, со цел да се обезбеди подеднаква дистрибуција на вакцините, пренесува Ројтерс.

„Има надеж“, рече Гебрејесус.

Здравствениот регулатор на ЕУ иницираше контрола на вакцината против вирусот изработена од американскиот производител Pfizer и германскиот BioNTech, со најава дека процесот на регистрација на вакцините може да се забрза

Исто така, девет експериментални вакцини се подготвуваат во рамките на вакцината „COVAX“, која е поддржана од СЗО.

Досега 168 земји се приклучија на „COVAX“, но не и Кина, САД и Русија.

Слични содржини