Има околу 240 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од МЗ

од Nikola Popovski
317 прегледи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во земјава во ковид-центрите во болниците е пријавено дека се лекуваат вкупно 794 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1271 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 43 болни, а во Куманово 96 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 99 во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 79 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 13, Кавадарци 53,  во  Гевгелија 13 лица, а во Дебар 7 позитивни  и суспектни на корона вирусот“, стпи во извештајот на МЗ.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Слични содржини