Има осум години и е најплатен јутјубер на планетата

„Јутјуб е најпопуларна дадилка во светот“, вели Ејал Баумел, извршен директор на Jule, компанија специјализирана за дигитални ѕвезди.

Снимките со деца во просек имаат скоро три пати повеќе прегледи од другите видови видеа, покажала анализата на Истражувачкиот центар Плу, чија студија открила дека 81% од родителите кои имаат деца до 11 години, им дозволуваат да гледаат Јутјуб. На попларната платформа може да се најде квалитетен интелектуален програм, но тој не носи заработка.

Десет јутјубери кои заработиле најмногу во периодот од 1 јуни 2018 – 1 јуни 2019 година, собрале вкупно 162 милиони долари, а првите три места на Форбс листата ги зазеле – деца. Тоа се Рајан Канџи (26 милиони), Дуд Перфект (20) и Анастасија Раџинскаја (18 милиони).

Анастасија, која има пет години, е родена на југот од Русија со церебрална парализа и ротиделите започнале да ги поставуваат нејзините снимки на јутјуб за пријателите и роднините да можат да го следат нејзиниот напредок во борбата со оваа болест.

Тука се игрите со тато и мачката, скокање во дворец на воздух и друго, а секое видео е пропратено со музика и смеење. Аанстасија денес има 107 милиони следбеници на своите седум канали, а тие ги прегледале нејзините видеа 42 милијарда пати.

Меѓутоа, нешто постариот Рајан (8) се најде на првото место на овогодинешната листа. Тој стана популарен по видеата во кој отвара поклони и ги коментира, а денес има своја линија играчки, облека и куќни работи.

И Анастасија ќе лансира линија играчки и игри за мобилен телефон, а наредната година ќе објави и книга. Минатата година таа со своите родители се пресели на Флорида.

Јутјуб моментално работи на тоа да ја ограничи можноста за заработка за детските канали, по наводно кршење на законите за приватноста на децата онлајн, а првиот чекор ќе биде забраната за таргетирани огласи на детската содржина, која ќе започне со примена од наредната година. Оваа забрана ќе може да влијае врз пребарувањето, па детските видеа нема да се појавувааат на врвот на Гугл. Тоа ќе биде директен удар врз потенцијалната заработка.

Листата со десетте најплатени Јутјубери, погледнете ја ТУКА.

Слични содржини