Сметам дека процесот на преговори се уште е отворен, а ако истите пропаднат, тоа би можело да има сериозни последици не само за Македонија туку и за регионот, вели во интервју за 24 Вестиизвестувачот за земјава во Европскиот парламент Иво Вајгл.
Тој повторува дека на последните преговори една страна не била подготвена на компромис, не посочувајќи за кого станува збор.
Прашан за шпекулациите за американско посредство во преговорите, Вајгл вели дека секој кој има можност да влијае на инволвираните страни е добредојден во процесот.
