Нема договор повторно ама нешто се движи во преговорите за медиумите.
клуб ноле

По неколку часовни разговори заврши  и оваа рунда преговори  на која нема прифатливо и конечно решение за двете страни. Состанокот на работната група во Клубот на пратеници заврши, а белгискиот посредник Питер Ванхауте, како и американскиот и евроамбасадорот, Џес Бејли и Аиво Орав, не дадоа изјави за медиумите.

Медијаторот Ванхауте на својот Twitter профил напиша дека за вечерва се завршени преговорите, дека има прогрес и дека ќе продолжат утре напладне.

van

„Нема се уште договор, но има нови идеи кои треба да ги преспиеме и утре да се изјасниме, изјавија за 24 вести извори од преговорите.

Во изјава за медиумите пред вчерашната средба Ванхауте рече дека останува да се направи уште многу, но оти  состојбата не е безнадежна и затоа и се разговара. – Ќе продолжиме што поскоро, а потоа ќе видиме што ќе се случува наредните денови. Но, не сум сигурен дека ќе успееме. Советот на Агенцијата на медиуми е важен како нејзиниот состав, а исто така владиното рекламирање. Тоа ќе бидат главните теми, изјави Ванхауте. Преговорите продолжуваат денеска попладне.

 

 

Слични содржини