„Има се што е потребно за да биде пироман“: Жестока анализа на „Шпигел“ за Вучиќ

од Nikola Popovski
357 прегледи

„Западот смета дека претседателот Александар Вучиќ е важен соговорник. Владимир Путин треба да биде среќен поради тоа“, пишува германскиот магазин „Шпигел“.

„Тој е, без сомнение, голем државник. Претседателот на Србија е висок речиси два метра. Само во разговор Александар Вучиќ понекогаш се прави помал од тоа што е. Претседателот се гледа себеси како гарант на мирот на Западен Балкан, но секој што разбира српски, чита меѓу редови и ја следи агитацијата на приватните ТВ радиодифузери лојални на режимот, ќе дојде до друг заклучок: да речеме дека Вучиќ има се што е потребно за да биде пироман“.

Вака започнува мошне опширниот текст со наслов „Кукларот од Белград“, објавен во печатеното издание на неделникот Шпигел, а потпишан од новинарот Валтер Мајер.

Авторот потсетува дека „десетици илјади луѓе со месеци протестираат против автократскиот претседател во Белград и во другите градови на Србија“.

„Надворешнополитичкиот курс на белградскиот куклар е како одење по јаже“, пишува весникот.

„Најавени се односи со Брисел и Вашингтон, но се негуваат и оние со Пекинг и Москва. До денес, Белград не се приклучи на санкциите против Русија. Наместо тоа, расте малтретирањето на руските опозиционери кои побегнаа во Србија“, додава Шпигел.

„Шпигел“ ја опишува и посетата на српскиот патријарх Порфириј на Грачаница на годишнината од косовската битка. Порфириј, кој е поддржувач на Вучиќ, тврди дека е посветен на мирот – мирот што Вучиќ го поткопува.

Слични содржини