Има такви што влегуваа со камери, јас не правам ПР – рече премиерот за посетата на повредените од пожарот во Кочани

од Nikola Popovski
503 прегледи

Запрашан дали е коректно да се посетат најтешко повредените пациенти на интензивна нега и носење само на маска, премиерот Христијан Мицкоски рече дека „ќе се видат сите слики и ќе се види како влегол“.

-Има и такви кои што влегуваа со камери и слично, но, како што видовте и вчера и денеска, јас никаде не влегов со камери и немам намери да правам ПР од сето ова. Фотографиите се во тил и никаде нема лица од пациентите. Многу внимателно ги биравме фотографиите. Не го правам тоа поради ПР туку за да излезам пред вас за да не се кријам и да зборувам отворено за ова со кое се соочуваме и по сето тоа што постапуваме. Ако тоа е проблем,  не мислам дека вашите колеги ќе се сложат со вас, тогаш подготвен сум да сносам одговорност. Мојата задача е преку вас медиумите да се обратам до граѓаните. Ценам дека тие пораки во моментов се важни за граѓаните. И тоа е мојата цел. Не е мојата цел за ПР. Не мора да објавувате вие ништо како медиум. Оставете ги колегите да си ја работат нивната работа и мене јас да си ја вршам мојата работа, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање пред болницата „8-ми Септември“.

Ваквата констатација следува откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ веќе ги потсети македонските пациенти кои се згрижени во Белград и тоа пред тоа да го сторат нивните семејства. Тој беше придружуван од десетина камери и новинари на интензивната нега во Клиничкиот центар на Србија. Голем дел од овдешната и тамошната јавност го осудија ваквиот потег, истакнувајќи дека Вучиќ си тера своја ПР кампања.