Имаат ли стриптизетите работнички права?

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Неплатени прекувремени работни часови, осигурување, ниту плаќање од час, стриптизетите заработуваат само од оној дел што им го оставаат муштериите. Се водат како хонорарци, а не вработени со постојан работен однос. Токму овие услови и го отежниле докажувањето на сексуалното вознемирување на Бренди Кембел, а нејзината приказна е идентична со останатите. Единствено, може да ја докажат правдата во случај на најтешки примери, како силување.

images (6)

Минатата пролет, Бренди Кембел во текот на својата десетчасовна смена се затекнала во лифт со менаџерот на клубот во кој работела. Тој ја зграбил и ја притиснал до него, барајќи и одговор зошто ги игнорира неговите повици кога тој сака да ја изнесе на суши. Тоа не било прв пат нејзиниот привремен “шеф” да се однесува грубо и насилно . Во текот на осум месеци, колку што работела за него, често пати ја вознемирувал, пипкајќи ја по бутовите или ја зграпчувал за рамењата, го барал нејзиниот број и на крај морала да попушти. Стапила во контакт со него, но му ставила до знаење дека не е заинтересирана за дружење. Бидејќи вознемирувањето не прекинало, се одлучила да го тужи.

Кембел се надевала дека судот во Невада ќе донесе пресуда во нејзина корист. Во Октомври минатата година, стриптизетите го докажале статусот на постојано вработени пред Врховниот суд, со докази. Тоа им овозможило да им се исплатат заостанатите долгови, минималецот и она што го заработуваат како бакшиш, пишува Б92.

Кембел работела во преку педесет клубови во земјата и во текот на тие десет години кариера и сексуалното вознемирување и било секојдневие, само овој пат решила да се охрабри и да тужи.

Врхвниот суд во Невада не е единствен кој донел одлука во корист на стриптизета, а тоа било охрабрување и за Кембел . Охрабрувајќи се од поединечни случаи тие почнале да “фрчат” тужби низ целата земја. Не само што не им било платено хонорар, туку им биле земени и “провизијата од бината”.

Во 2013 судови во Калифорнија, Џорџија, Њујорк и Јужна Каролина донеле пресуда во корист на стриптизетите, што им ги вратило милиони долари- заостанати плати. Слични случаи има и во Пенсилванија. Ова имало големо влијание на индустријата вредна 2,5 милијарди долари и преку 350.000 танчерки кои работат во клубовите, но пресудата во Невада се смета како една од најважните.

download (2)

Бројот на тужби од стриптизети се зголемува- експресно се носат закони за работни односи

Во случајот “Тери против Сафир”, Врховниот суд во Невада пресудил дека клубот на господин Сафир треба да исплати 8,25 долари од час на поранешните стриптизети кои биле вработени, како и одредена компензација поради провизијата која им ја наплаќал за бината. Тоа воопшто не е мала сума. Според податоците, Сафир заработува 4 милиони долари годишно од провизијата за бина, а барањата на сите 10 000 стриптизети изнесувале околу 80 милиони долари.

Сафир поднел жалба на пресудата, но таа била експресно одбиена. По таа пресуда, барем осум тужби против клубовите поднеле стриптизетите во Невада, а  токму една од нив била Бренди Кембел, која барала заостанати плати и оштета поради сексуално вознемирување. По два месеца лобистите за клубовите поднеле барање за промена на дефиницијата и статусот на вработени на државно ниво, со промена на Закон .

По овој Закон се практикува т.н  “тест на економска реалност”, која всушност открива во колкава мера вработените придонесуваат за компанијата. (Во случајот “Сафир”заклучиле дека клубот бил посетуван поради стриптизетите, а не поради скапите пијачки). Исто така се зема предвид и фактот , во колкава мера работникот има контрола над извршување на услугите за кои е задолжен.

Но, една од најважните одлуки кои им пружила подобри услови на работното место на стриптизетите е едногласната одлука на Судот, според која тие се водат како редовно вработени.

download (3)

Новиот закон кој е поднесен до Сенатот во Невада, под шифра SB244 има за цел да ги зацврсти сегашните работни односи, има автоматска класификација дека секој вработен е привремено вработен, а наметнат е строг критериум за постојано вработување, односно тоа би значело некој кој оди на работа во униформа и не соработува со ниту една друга надворешна фирма.

Многумина се сомневаат дека овој закон е напишан токму за случајот “Тери против Сафир”, а ќе се однесува на останатите вработени во таа индустрија. Најголем дел од вработените на државно ниво пружале помош за донесување на овој закон, па затоа и бил донесен со голема поддршка.

Борбата за правата на работниците- стриптизети е само дел од широкиот потег за промена на работничките права воопшто.

Со загрозување на растот на економијата, се повеќе луѓе се наоѓаат во ситуацијата на стриптизетите и веќе со децении наназад работат така.

Но, да се навратиме на случајот во Невада.  Предлог законот SB224 кој бил усвоен во Невада и понатаму ја блокира наплатата за заостанати плати, на кои сметале стриптизетите. Тужителите сакале да наплатат по одлуката на Врховен суд, но Сафир го навел новиот Закон и тврдел дека со тоа првостепената пресуда е ништовна. Минатиот октомври, тие се спогодиле надвор од судот и тужителите прифатиле исплата од 6 милиони долари, а да не било усвојувањето на SB224, би требало да исплатат околу 80 милиони долари, а клубот сигурно би банкротирал.

По сите овие податоци останува неизвесен и случајот на Бренди Кемпбел. Таа не губи надеж и е убедена дека индустријата ги почитува танчерките, нивната работа и правото да работат во безбедни опкружувања. Нагласува дека и во нивната работа постојат ограничувања и тие може да бидат злоставувани како и сите останати.