Имаат одвоени соби: Необичен распоред за спиење на Вилијам и Кејт, мебел од Икеа

од Stefanija Kuzmanovska
267 прегледи

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, како и другите членови на кралското семејство живеат во дворец кој има неколку десетици соби.

Нивната палата Кенсингтон има огромен двор, а самата палата има околу 20 соби, од кои повеќето се на спрат. Сепак, Вилијам и Кејт одлучиле да спијат на приземје. Тука има две мастер спални соби и не е невообичаено членовите на кралското семејство да спијат во посебни соби.

„Кејт и Вилијам спијат долу… зарем не можеа да се сместат во една од 20-те соби горе?“, гласеше еден од коментарите.

Нивната послуга спие на спратовите, односно дадилката Марија Тереза ​​Турион Борало, која целото време го поминува со децата Вилијам и Кејт, деветгодишниот принц Џорџ, седумгодишната принцеза Шарлот и четиригодишниот принц Луис.

Роднина на принцот Филип во една прилика објасни дека одлуката на Кејт и Вилијам да имаат посебни соби е типична за аристократијата.

„Во Англија, повисоките класи на општеството секогаш имале посебни спални соби. Не сакаат да ги вознемирува нечие ‘рчење или некое постојано движење во текот на ноќта и да им го наруши сонот. Меѓутоа, кога сакате, секогаш можете да ја делите просторијата. Убаво е да се има избор“, изјавила лејди Памела Хикс.

Она што е уште поизненадувачко е што собите на нивните деца се опремени со мебел од Икеа. Очигледно, тие го избрале овој познат шведски бренд поради трајноста на производот.

Слични содржини