207
Според нашите информации, имало двајца возачи во опожарениот автобус, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес-конференција.
Во однос на возраста на загинатите патници, Спасовски додаде дека имало 12 деца, но потенцира дека се чека извештајот од бугарските власти, по кој ќе го објават целосниот идентитет и градовите од каде што доаѓаат жртвите.
-Првично мора да заврши анализата во Судската медицина на Бугарија и да се изврши идентификација, па после тоа ќе се организира транспортот на телата, додаде Спасовски.