Австриската полиција го објави идентитетот на 19-годишниот кој го планираше нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена, тој е Беран А. За време на сослушувањето тој не покажал знаци на каење и рекол дека сакал „да ги убие неверниците во Виена“.
Уапсениот 19-годишник, чии родители се по потекло од Македонија, на 25 јули ја напуштил работата со зборовите: „Имам големи планови за иднината“.
Тој веќе бил радикализиран, рекоа на прес-конференција во Виена и открија дека терористите имале конкретен план за нападот и дека нападот требало да се случи вечерва или утре.
Во неговата куќа нашле мачети, ножеви, детонатори…
„Деветнаесетгодишникот сакал да предизвика крвопролевање пред стадионот со ножеви, мачети и автомобил и конечно да се разнесе. Бил во контакт со двајца осомничени помошници, од кои едниот работел на обезбедување на концертот“, се вели во соопштението за медиумите.
Полициски кучиња го пребаруваат стадионот, но засега не нашле ништо.
„Какавички план на терористите беше да убијат што повеќе луѓе надвор од стадионот што го слушаа концертот“, рече Хајави-Пирчнер.
Како што соопштија на прес-конференцијата во Австрија, две лица се уапсени, додека едно е приведено во случај на планирање напад.