„Имам напади на паника“: Парис Хилтон откри зошто одлучила да добие деца преку сурогат мајка

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Парис Хилтон оваа година доби две деца преку сурогат мајка.

На почетокот на годината го доби синот Феникс, а неодамна и ќерката Лондон.

Таа сега откри зошто одлучила да има деца на овој начин и призна дека главната причина е што сè уште има посттрауматско стресно растројство.

„Сето тоа низ што поминував како тинејџер… Кога одам на лекар од која било причина, имам напад на паника, не можам да дишам. Само знаев дека нема да биде здраво ниту за мене, ниту за детето кое би растело во тело на некој кој чувствува толку многу вознемиреност“, навела таа во своето шоу.

Истакнала и дека е многу зафатена, но дека сега приоритет ѝ се децата.

Слични содржини