Имаме информации дека одредена група вечерва подготвува молотови коктели, кажа Спасовски

од Берта Китинска
178 прегледи

И за вчерва иамаме информации дека одредена група на протести подготвува молотови коктели за виталните институции, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

При посетата на повредените полицајци министерот рече дека најостро го осудува насилството врз полициските службеници чија должност е да ја одржуваат безбедноста.

-Во врска со немирите кои ескалираа пред објектот на Собранието на Република Северна Македонија, нема ниту еден повреден граѓанин, од страна на полициските службеници приведени се 11 лица, а за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата, информира Спасовски.