Имаме историски најнизок процент на невработеност, тврди Ковачевски

од Nikola Popovski
161 прегледи

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа потребни 4 минимални плати за покривање на една потрошувачка кошничка. Денес после 100 проценти зголемување на минималната плата, имаме најмал број на невработени лица, вели премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето на емисијата „200“.

Премиерот додава дека во моментов имаме историски најмал број, односно дека невработеноста изнесува 15,7%.

-Сега со две минимални плати ја покриваме минималната кошничка, посочува Ковачевски, додавајќи дека пред доаѓањето на СДСМ на власт, Македонија била промовирана како рај за евтина работна сила.

-Доаѓаа инвеститори, на кои што им се нудеа вработени со минимална плата од 9000 денари, рече Ковачевски.