Имаме потенцијал, подготвени сме да имаме прва жена генерал, вели Петровска

од Берта Китинска
219 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во утринското гостување во емисијата Утрински брифинг, на прашањето кога Mакедонија ќе има жена генерал, изјави дека е подготвена да поддржи такво решение.

„Од моето неколкумесечно искуство и директна соработка и работа со персоналот и во Министерството и во Армијата, бидејќи кандидатката треба да биде воено лице, апсолутно сметам дека да – имаме таков потенцијал и мислам дека тоа е нешто што треба да се валоризира, не само заради тоа што некој е жена, туку заради тоа што навистина поседува квалитети. Во тек во Министерството за Одбрана и Армијата се проекти кои ги работиме заедно и со Канцеларијата на Обединетите Нации и со DCAF кои се однесуваат на таргетирање на родово сензитивни прашања – тие вродуваат со огромен успех и се разбира дека секогаш ќе ја имаат мојата политичка поддршка за тоа”, кажа Петровска.

Слични содржини