Еден од најважните критериуми за членство во Европската Унија е почитувањето на правата на сите етнички заедници. За разлика од друга соседна земја со која имаме сериозни проблеми, албанските власти докажаа дека го почитуваат правото на различните етнички заедници во земјата да го чуваат и бранат својот идентитет, да го развиваат својот јазик и традиции. Таму каде што не се почитуваат, не е ЕУ. Ова го истакнала потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова на презентацијата во Тирана на книгата на проф. Спас Ташев „Бугарите во Албанија“ на албански јазик. На презентацијата на книгата на Министерскиот совет во Тирана присуствувале претставници на дипломатскиот кор во Албанија и претставници на бугарското национално малцинство.
Ташев на средбата, обвинил дека „Република Северна Македонија сака да ја наметне тезата дека во Албанија нема Бугари“.
Презентацијата на книгата е во пресрет на националниот попис на населението во Албанија.
Пред два дена, македонското друштво Илинден Тирана најостро ја осудува, како што ја нарекува, антимакедонската дводневна посета на Јотова на Република Албанија, каде што е придружувана од бугарски универзитетски професори и академици, сето тоа во пресрет на пописот на населението во Република Албанија.
Програмата на нивната акција „Бугарите во Албанија“ предвидува отворање „неделно училиште на бугарски јазик во Елбасан“, а во Тирана промоција на книгата на Спас Тошев „Бугарите во Албанија“, како и отворање на бугарски јазик. Неделно училиште во село Големо Острени, Голо Брдо. На ваквите бугарски активности остро реагираат Македонците во Голо Брдо и Елбасан, како и во цела Република Албанија.