48
Турскиот суд денеска пресуди дека уапсениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу ќе остане во притвор до судењето, објави Ројтерс, повикувајќи се на турски медиуми.
Градоначалникот на Анкара, Мансур Јавас, од истата опозициска Републиканска народна партија (РНП), рече дека одлуката во врска со Имамоглу е срам за судскиот систем.
Турските обвинители побараа од судот да ги задржи Имамоглу и четворица негови соработници во притвор во очекување на судењето за тероризам и корупција, соопшти претходно денеска канцеларијата на Имамоглу.