„Имав постојана болка“: Федерер потврди дека оди „под нож“, се бореше да не заплаче (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Швајцарскиот великан Роџер Федерер (40) повторно ќе земе подолга пауза, што овој пат може да значи дека можеби никогаш повеќе нема да го видиме на теренот. Можеби овој пат навистина е крајот, се чини дека ова е најсериозниот предизвик од ваков вид за легендата досега, но Роџер не се откажува – тој верува дека може уште да трае.

Откако објави дека ќе има операција на коленото, Роџер испрати порака до своите придружници и тенискиот свет.

– Здраво на сите, би сакал да ве информирам за она што ми се случува од Вимблдон. Како што можете да претпоставите, не беше лесно. Направив многу прегледи и контроли на коленото откако имав постојана болка од сезоната на трева и Вимблдон – го започна своето обраќање Швајцарецот, додека, како што се чинеше, се бореше да не заплаче.

Видеото го објави на своите социјални мрежи.

Слични содржини