Имавме среќа што израмнивме до паузата, кажа Гвардиола по победата над Брентфорд

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше задоволен од победата над Брентфорд од 3-1. „Граѓаните“ мораа да направат пресврт од 0:1, но Фил Фоден се истакна со „хет-трик“ и му донесе успех на својот тим. Пеп призна дека неговиот тим имал малку среќа да дојде до трите бода, а исто така го пофали противничкиот голман Марк Флекен, кој направи голем број брилијантни одбрани во текот на натпреварот.

„Тоа беше тежок натпревар бидејќи е многу тешко да се одбрани по нивните корнери. Начинот на кој успеваат да го најдат Иван Тони е незапирлив. Но, исто така имавме многу удари во првото полувреме и нивниот голман беше неверојатен. Мислам дека заслуживме победа, но во исто време имавме среќа да израмниме на 1:1 пред паузата. Во вториот дел бевме многу подобри“, изјави Гвардиола.

Посебна пофалба му даде и на стрелецот на „хет-трик“ – Фил Фоуден.

„Тој е играч кој може да оперира на толку многу позиции, но претпочита да бара празни места. Затоа е многу важно да се има играч кој може да се провлече низ тие тесни празнини. Тој има многу оружја во својот арсенал. Мислам дека ова е неговата најсилна сезона откако работевме заедно. Головите и асистенциите што ги прави од таа централна позиција се неверојатни“, додаде Пеп.

Слични содржини