Именувани нови директори во повеќе клиники, министерот тврди дека се поставува стручен кадар

од Nikola Popovski
213 прегледи

Министерот за здравство, Арбен Таравари именувал над 12 нови медицински директори. Според објавеното, на местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8 Септември“, доаѓа доктор Синиша Стојаноски. Тој е доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.

Нови директори добија и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Универзитетска клиника за дерматологија, Универзитетска клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје, Универзитетска клиника за уво, нос и грло, Универзитетски институт за радиологија, како и Клиника за ревматологија.

Со Институтот за јавно здравје, пак, ќе раководи Марија Андоновска – досегашна советничка во Советот на Град Скопје.

Нови директори по клиниките се:

1. Универзитетска клиника за уво, нос и грло – Игор Камшикоски
2. Универзитетска клиника за дерматологија – Катерина Дамевска
3. Универзитетски институт за радиологија – Соња Николова
4. Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Ирена Алексиоска-Папастиев
5. Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања – Танер Хасан
6. Универзитетска клиника за психијатрија – Славица Арсова-Хаџиангелковска
7. Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија – Мери Трајковска
8. Универзитетска клиника за неврологија – Никола Ѓоргиевски
9. Универзитетска клиника за ревматологија – Емилија Сандевска
10. Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Злате Мехмедовиќ
11. Универзитетска клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Небојша Настов
12. Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ Гостивар – Арјенит Муча.

Таравари ги нарече смешни обвинувањата на опозицијата за именувањето на новите директори на клиники, меѓу кои „немало Албанец“. Министерот истакна дека, напротив, со неговото доаѓање на чело на ресорот здравство се зголемил бројот на директори Албанци во клиниките.

„Смешни ми обвинувањата бидејќи не ми изгледаат сериозни. Во тие клиники го избираме кадарот кој што е стручен. Имаме клиники каде што директорите се Албанци, некои Македонци, некои Турци. Мислам дека ни требаат директори кои се добри менаџери и успешни како кадри и не верувам дека процентот на директори Албанци сега е помал од порано. Дури со целосна одговорност можам да кажам дека е многу повеќе отколку што беше пред 3-4 месеци“, изјави денеска Таравари пред медиумите.

Слични содржини