Имер Селмани: Категорично тврдам дека нема никаква основа за етнички или каков било конфликт

од desk3
371 прегледи

Категорично тврдам дека нема никаква основа за етнички или каков било конфликт во Република Македонија. Информациите за она што се случило на северот на земјата, не кореспондираат со случувањата во општеството- изјави некогашниот вицепремиер и министер за здравство Имер Селмани за бугарската агенција Бгнес, по информацијата дека 40 вооружени лица ја заземале полициската станица во селото Гошинце.

Imer-Selmani

„Вакви нешта може да се во интерес на одредени центри. Денеска сме 2015 година и нема шанси да се вратиме кон еден, за жал, не толку добро искуство од минатото. Сè треба да се решава по пат на дијалог и интеграција. На крајот на краиштата, и проблемите во 2001 година завршија со дијалог“, рече Селмани.

Селмани посочува дека ова може да е дело на луѓе кои сакаат да го оттргнат вниманието на македонските граѓани од реалните проблеми кон нешто друго.

Слични содржини