Името кое Ана и Енрике го одбраа за нивната ќерка е популарно и во Македонија

од Elena Daskalova
337 прегледи

Пејачот Енрике Иглесијас и поранешната тенисерка Ана Курникова вешто ја криеја нејзината бременост од очите на јавноста, а веста ја потврдија на само неколку недели пред породувањето.

Породувањето пак, исто така помина медиумски незабележано, сè додека братот на Енрике не потврди во радио-емисија дека станал чичко. Неколку недели подоцна парот потврди дека добиле ќерка, а неодамна открија и кое име ѝ го дале.

Девојчето го носи името Марија, во чест на нејзината баба по мајка, која потекнува од Русија. Името Марија е многу популарно во светот, а и во Македонија важи за најчесто и најомилено име, кое го носат најголем број од жените кај нас. Слична е ситуацијата и во соседните земји, со оглед на тоа што Марија е често име и во Грција и во Србија и во Бугарија, но и во целиот свет.

Слични содржини