23
Бешикташ ќе потпише со капитенот на Лацио, Чиро Имобиле, тврдат турските медиуми.
Според информациите, клубот од Истанбул постигнал договор со 34-годишниот италијански напаѓач и со „римските орли“, откако за него ќе платат 4 милиони евра.
Се очекува Имобиле да потпише за две години со Бешикташ, а во наредните денови ќе пристигне во Турција.
Капитенот на Лацио одигра 43 натпревари за тимот изминатава сезона, постигнувајќи 11 голови и 1 асистенција. Имобиле игра за клубот од 2016 година, забележа 340 настапи и постигна 207 гола за „бјанкочелестите“.