164
Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле го коментираше претстојното враќање на Ромелу Лукаку во Серија „А“. Белгиецот повторно ќе го носи дресот на Интер откако не ги оправда големите очекувања во Челси.
„Доколку Ромелу се врати во Италија, тоа ќе го подигне нивото на самото првенство, а јас ќе продолжам да се трудам да го покажам најдоброто за што сум способен“, изјави Имобиле.
Двајцата беа меѓу најдобрите стрелци во калчото во сезоната 2020/21, кога Лукаку постигна 24 гола и му помогна на Интер да стане шампион, а Имобиле 20 пати постигна гол за Лацио.
Во последната кампања ѕвездата на „лацијалите“ со 27 прецизни удари ја зграпчи голгетерската награда во Серија „А“.