ИМПОЗАНТНО ЗДАНИЕ: Позната катедрала ТЕШКО ОШТЕТЕНА во руски напад на Одеса

од Vladimir Zorba
359 прегледи

Познатата катедрала „Преображение“ во Одеса беше тешко оштетена во синоќешниот руски напад, во кој беа убиени и ранети неколку луѓе, изјави во неделата шефот на локалните воени власти Олех Кипер.

Катедралата „Преображение“ е импозантно здание изградено во 1794 година, која беше срамнета со земја од Советите во 1936 година, за да биде обновена во 1999 година и осветена од рускиот патријарх Кирил неколку години подоцна.

Автокефалната Украинска православна црква ја презеде контролата над катедралата пред неколку години, додека претходно и припаѓаше на проруската Украинска православна црква на Московската патријаршија.

Во историскиот, стар дел на Одеса, во нападите беа уништени неколку музеи, што предизвика бран критики.

Одеса, чиј историски центар е вклучен во листата на светско наследство, редовно е цел на руски напади. Градот доживеа „ноќ од пеколот“ во четвртокот, а Киев ја обвини Москва дека ја таргетира пристанишната инфраструктура за да го спречи можното обновување на украинскиот извоз на жито.

Во петокот, УНЕСКО „најостро ги осуди“ руските напади врз „неколку музеи“ кои „претрпеа штета“.

Руското гранатирање продолжува и во други делови на Украина, во градот Купјанск, источниот регион Харков, Краснопил и Суми во североисточна Украина.

Слични содржини